Македонската револуционерна организација и д-р Христо Татарчев – помеѓу митот и реалноста

Original title: Македонската револуционерна организација и д-р Христо Татарчев – помеѓу митот и реалноста | Num. of pages: 570 | Dimensions: 25 | Cover: тврда

Книгата претставува биографија на д-р Христо Татарчев, првиот лидер на ЦК на Македонската револуционерна организација (МРО), подоцна Тајна македонско-одринска револуционерна организација (ТМОРО). Д-р Христо Татарчев бил воедно и задграничен претставник на ТМОРО и ВМОРО, потоа филозоф и публицист, лекар и хуманист, а исто така и дипломат, како претставник на Организацијата.

 И покрај неговата важност за народноослободителното движење на Македонија, неговата личност е малку третирана во македонската историографија. Оваа монографија напишана од внукот на д-р Христо Татарчев претставува обид за пополнување на постојната празнина и првенствено е наменета за поширокито круг читатели кои се заинтересирани за животот и делото на овој наш великан. И покрај популарната компонента, книгата е напишана во научен стил и секоја констатација е поткрепена со референца за изворот и најчесто со цитати. Констатациите претставени во книгата корелираат со историските извори (пишаните ставови на Татарчев и другите дејци, конзуларните извештаи, протоколите и другите документи од конгресите, писмата, спомените итн.).  Со оглед на високите позиции и улоги што ги имал д-р Татарчев во Македонската револуционерна организација и генерално во македонската народноослободителна борба, книгата мораше да резултира и во една мала историја на македонското народноослободително дело за истражуваниот период. Така, во неа неминовно најдоа место и релациите на Татарчев со другите дејци, како Даме Груев, Христо Матов, Гоце Делчев, но опишани се и конфликтите на Татарчев со Ѓорче Петров, Александар Протогеров, Тодор Александров, како и неговиот однос кон Јане Сандански. Книгата се состои од два дела: 1. монографски дел и 2. превод на делото на д-р Христо Татарчев со наслов „ВМРО како митолошка и реална суштина“, кое овде е претставено за првпат на македонски јазик. Читателите, читајќи ја книгата, ќе забележат дека таа изобилува со историска критика како резултат на неправилното решавање на македонското прашање, посебно од гледна точка на  д-р Христо Татарчев и неговите најблиски соборци. Интересни се неговите ставови и оценки за меѓународната политичка ситуација од неговото време и начинот на решавањето на македонското прашање кој тој го предложува. Се надеваме дека читателите  ќе можат да ја препознаат историската аналогија од тоа време со денешната меѓународна политичка ситуација, посебно кога се работи за интересите на Балканските земји и Големите сили во однос на Македонија.

Rated 5.00 out of 5 based on 1 customer rating
(1 customer review)

Price: 900 ден

3 in stock

Compare
Sold By КупиКнига

Report an abuse for product Македонската револуционерна организација и д-р Христо Татарчев – помеѓу митот и реалноста

Category:
SKU: 978-608-245-219-7

1 review for Македонската револуционерна организација и д-р Христо Татарчев – помеѓу митот и реалноста

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in