Македонски кодики или поменици од 19 век
Author:
Михајло Георгиевски
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2016
Original title:
Македонски кодики или поменици од 19 век |
Num. of pages:
256 |
Dimensions:
240х170
|
Cover:
мека
Со транслитериран текст и истовремено во факсимили во книгата се објавени седум стари македонски кодики, и тоа: Летописна книга на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга, од 1835 до 1917 година; Парусија на дебарскиот манастир „Св. Јован Претеча“ од 1833 год.; Кодика на дебарската црква „Успение на Пресвета Богородица“ од 1848 год.; Поменик на Бигорскиот манастир од 1857 год.; Кодика свештена од Бигорскиот манастир од 1863 год.; Велика парусија од манастирот „Св. Пречиста“ – Кичевско од 1863 година и Вечен поменик од манастирот „Св. Пречиста“ – Кичевско, од 1885 година. Кодики или поменици се ракописни книги во коишто се испишани имињата на разни спомагатели на одредени цркви или манастири и нивното место од каде што доаѓаат. „Имињата на благопоклониците – пишува авторот – се запишувале во една книга хронолошки по години или пак се правени посебни списоци коишто се препишувале или пак така испишани се обединувале со една книга со посебни диптиси како еден вид зборници кои според намената се нарекувале поменици, кодики, проскомидии, парусии, сарандари, литургии, актинии и акатисти.“
Questions and Answers
You are not logged in