Македонските се-конструкции и нивните еквиваленти во англискиот јазик
Автор:
Лилјана Митковска
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Македонските се-конструкции и нивните еквиваленти во англискиот јазик : когнитивна студија |
Бр. на страни:
213 |
Димензии:
240х170
|
Корица:
мека
Македонските конструкциите со рефлексивниот маркер се се разгледуваат во оваа научна монографија како различни типови на отстапувања од прототипната транзитивна ситуација, односно, како типови на дијатеза. Одделните функции имаат поинаква распределба на партиципантите и/или нивните конституенти по синтаксичките позиции, во зависност од комуникативната цел. Тие се издвојуваат според семантичките особини на конструкцијата, кои главно зависат од улогата на партиципантот во позиција на субјект. Од синхрониска гледна точка сите овие конструкции покриваат широко семантичко поле меѓу транзитивните и интранзитивните ситуации по вертикала и меѓу активните и пасивните по хоризонтала. Во овој труд се разгледуваат врските меѓу утврдените функции и како тие преминуваат од една во друга, градејќи синџир на граматикализација.Во вториот дел се анализира какви средства се користат во англискиот јазик за изразување на истите функции. И покрај тоа што меѓу еквивалентите има различни типови конструкции, се јавуваат одредени паралели, кои ја потврдуваат тезата за концептуалните врски меѓу функциите на се-конструкциите.
Questions and Answers
You are not logged in