Маркетинг движења: Нов пристап кон профитот, растот и обновата
Филип Котлер е почесен професор по меѓународен маркетинг на Факултетот за менаџмент „Келог“ при Универзитетот „Нортвест“ од Чикаго. Од Европскиот Центар за менаџмент тој е прогласен за најистакнат светски експерт за стратешко практицирање на маркетингот. Во пишувањето на ова дело му се придружува и неговиот ценет колега, деканот на Факултетот „Келог“, Дипак К.Џаин. Третиот коавтор е Сувит Месинси, професор по маркетинг на Институтот за деловна администрација „Сасин“ при Универзитетот „Кулалонгкорн“, Тајланд.
Авторите јасно укажуваат дека класичниот маркетинг-модел мора да се приспособува кон иднината и трендовите што доаѓаат. Тој треба да биде реконструиран, редефиниран и проширен. Во спротивно, тој нема да функционира доколку продолжи да биде одговорен само за зголемување на продажбите. Маркетарите мора да бидат повеќе вклучени во одлуките за содавање нови производи, а тоа веќе го прават успешните фирми.
Понатаму се констатира дека денес, всушност, се оскудни купувачите, а не производите, како што беше во минатото. За остварување на оваа радикално нова парадигма, авторите нудат решение во форма на таканаречен холистичен маркетинг – динамичен концепт произлезен од електронската поврзаност и интерактивност меѓу компаниите, купувачите и посредниците. Со овој концепт на компаниите им се овозможува да идентификуваат нови можности за ревитализирање на постојните пазари, ефикасно да креираат понуди со нова вредност, да испорачуваат производи и услуги кои со голема прецизност ќе ги задоволат потребите на купувачите и да постигнат највисоко ниво на квалитет.
Поттикнувајќи на размислување и на практични потези, маркетинг-движења покажува како целосно да се изгради една маркетинг-платформа која ќе биде доволно цврста за да одговори на актуелните предизвици во маркетингот.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
1 оценка за Маркетинг движења: Нов пристап кон профитот, растот и обновата
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –