Маркетинг менаџмент: Пристап за донесување на стратегиски одлуки

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Marketing management: A strategic decision-making approach | Бр. на страни: 572 | Димензии: 205x255 | Корица: /

Џон В.Мулинс е вонреден професор по маркетинг менаџмент и претприемаштво на Факултетот за бизнис во Лондон, како дел од Фондацијата „Дејвид и Илејн Потер“. Неговите истражувачки активности се повеќепати наградувани, од кои би ги издвоиле наградите од Институтот за маркетиншка наука, Американската маркетиншка асоцијација и од Фондацијата „Ричард Д.Ирвин“. Орвил К.Вокер помладиот е почесен професор по маркетинг при Универзитетот во Минесота. Покрај тоа што е добитник на повеќе награди, тој е и консултант на голем број компании и непрофитни организации.
Во ова издание авторите ги офатиле темите за улогата на маркетингот при развивањето на успешните деловни стратегии, за анализата на пазарните можности, за развивањето разни стратегиски маркетиншки програми, за развивањето специфични стратегиски маркетиншки програми применливи во одредени ситуации и за имплементацијата и за контролата на тие програми.
Од самиот почеток на книгата може да се забележи дека донесувањето одлуки е критична активност во секоја компанија. Не само маркетинг-менаџерите туку и сите раководни лица во компанијата имаат големо влијание врз тоа колку потрошувачите ќе бидат задоволни со производите или со услугите што ги нуди одредена компанија. Сите обработени теми се одликуваат со три основни карактеристики: фокус на стратегиското донесување одлуки, паметно користење на Интернетот и глобалните перспективи.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 2450 ден

200 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Маркетинг менаџмент: Пристап за донесување на стратегиски одлуки

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-290-8

1 оценка за Маркетинг менаџмент: Пристап за донесување на стратегиски одлуки

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in