Медиумскиот егзил на книжевноста во Македонија
Author:
Александра Јуруковска
Publisher:
Авант Прес |
Language:
Македонски |
Year:
2018
Original title:
Медиумскиот егзил на книжевноста во Македонија |
Num. of pages:
160 |
Dimensions:
25 см
|
Cover:
/
„Главен мотив за создавање на студијата Медиумскиот егзил на книжевноста во македонската култура е спојувањето на моите две сфери на професионален интерес, па и лично суштествување – книжевноста и новинарството. Мојот ангажман како новинар започнува во 2001 година. Работата во повеќе медиуми ми овозможува спојување на двете области, бидејќи како репортер и автор на повеќе емисии најчесто моето работно место било и е во културните рубрики или културните редакции на повеќе радија (Македонско радио – Радио Скопје, Универзитетско радио на УКИМ – СТУДЕНТ ФМ 92.9, Радио Бус), телевизии (АЛФА ТВ и НАША ТВ), веб-страницата www.cooltura.mk, надворешен соработник на дневниот весник „Дневник“, како и на повеќе специјализирани списанија за литература и култура. Новинарството ми овозможи активно следење на културните случувања во Македонија, со акцент на книжевната сцена, издаваштвото и актуелните текови, како и изворно засведочување на бројни настани кај нас и во светот. Од друга страна, многуте професионални обуки и семинари беа продлабочување на знаењето за медиумите, а тоа доведе до мојот интерес за истражување на врската и т.н. селење на литературата од книгата на останатите медиуми (печатени и електронски). Посебно истражување, секако, заслужува релацијата книжевност и дигиталните медиуми, подрачје кое допрва се развива и збогатува со научни трудови.“
Questions and Answers
You are not logged in