Механика на Флуиди
Френк М. Вајт е почесен професор по машинство и по окенско инженерство на Универзитетот „Род Ајланд“. Тој е еден од основоположниците на тој Универзитет и основач на Одделот за окенско инженерство. Во ова издание на механика на флуиди има додадено уште повеќе вежби и голем број прилози. Основната карактеристика што преовладува низ целата содржина е тројството од интеграл, диференцијал и експериментален пристап.
Книгата, покрај воведот, содржи уште 10 поглавја: распределба на притисокот во флуидот, интегрални равенки за контролен волумен, диференцијали равенки за динамика на флуиди, димензионална анализа и сличности, вискозен проток во канали, потопени тела во проток, потенцијал на протокот и компјутерска динамика на флуидите, компресибилен проток, проток во отворен канал и турбомашини. Има уште 5 додатоци: физички својства на флуидите, табели за компресибилни протоци, фактори на конверзија, равенки за движење во цилиндрични координати и вовед кон софтверот за решавање на инженерски равенки.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 review for Механика на Флуиди
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –