Менаџмент на операции: Процеси и синџири на вредности
Авторите Ли Џ. Крајевски (професор на Универзитетот „Нотр Дам“), Лери Л. Рицман (почесен професор на државниот Универзитет во Охајо и на Колеџот „Бостон“) и Маној К. Малхотра (професор на Универзитетот во Јужна Каролина) создадоа еден прекрасен учебник полн со примери од практиката со што станува интересен и за сите актуелни менаџери.
Во првиот дел се разгледуваат Кина и Индија како две земји што имаат огромно влијание во поглед на глобалната конкурентност. Оперативната стратегија е нешто што е многу важно, па затоа е разгледана во детали. Понатаму, преку проект-менаџментот се покажува како може да се искористат проектите за имплементирање на таа стратегија.
Вториот дел ги идентификува стратешките прашања при креирањето на процесите и опишува како да се имплементира стратегијата во самите процеси. За да се опишат мерките за квалитет, земени се примери од медицинската индустрија. Убаво е објаснета теоријата на ограничувања со која успешно се менаџираат „тесните грла“. Презентирана е активност на една голема канцеларија со линиски распоред на задачите по работните места.
Менаџирањето на синџирите за снабдување е анализирано во третиот дел. Дадени се материјали за формирање стратегија, избор на локација, менаџирање на резервите, предвидување, планирање на продажбата и операциите, планирање на ресурсите и дистрибуција.
Секој што сака да биде квалитетен оперативен менаџер треба да ја поседува оваа книга.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
1 review for Менаџмент на операции: Процеси и синџири на вредности
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –