Менциј

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2019
Original title: Менциј / превод од древнокинески, предговор и белешки Игор Радев | Num. of pages: 301 | Dimensions: 21 cm | Cover: /

Менциј е еден од четворицата најголеми кинески класици, покрај Лао Це, Чуанг Це и Конфучиј, односно најпознатиот конфучијанец по Конфучиј. „Менциј првпат интегрално се објавувана македонски јазик, со предговор, коментари и во превод од старокинески на д-р Игор Радев. Предговорот, всушност, претставува обемна и пристапна студија, во која се обработени мислата на Менциј и историскиот контекст на настанокот на делото на Менциј. Делата на Меницј се напишани во седум книги, во вид на дијалози, а сите тие се собрани во една книга епонимно наречена по авторот – „Менциј“, а првпат интегрално се објавени на македонски јазик. Менциј (Мѐнг Ци̌’; 372 – 289 п. н. е.) е еден од стожерните философи во кинеската историја, чиешто дело претставува вододелница во интелектуалниот живот на оваа земја. Живеел во преодот од IV и III век пред Христа, кога Кина се наоѓала поделена на многу мали држави, кои честопати биле во конфликт. Во таквите околности, дошло и до заживување на философската мисла, кога разни философи, коишто претставувале различни интелектуални школи влегувале во остри полемики меѓу себе.

Price: 300 ден

5 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Менциј

Category:
SKU: 978-608-252-111-4

Questions and Answers

You are not logged in