МЕТАМОРФОЗИ или ЗЛАТНОТО МАГАРЕ
Автор:
Апулеј
Издавач:
Конгресен Сервисен Центар |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
238 |
Димензии:
20 cm
|
Корица:
/
/Романот „Metamorphoseon libri XI“ или „Метаморфози во 11 книги“, попознат под неговиот подоцнежен наслов „Asinus aureus“ („Златното магаре“), е единствениот целосно сочуван роман од римската класична литература, а најверојатно и првиот што доволно оправдано ја носи оваа определба на родот (жанрот).
Апулеевите Метаморфози идеално соодветствуваат на родот на античкиот авантуристичко-сатиричен роман: „дејството“ се случува на патување; на патувањето на главниот јунак му се случуваат авантура по авантура; едноподруго се изменуваат реализмот и фантастиката.
Текстот на Метаморфозите ќе изврши силно и забележително влијание врз севкупната европска уметност: во музиката послужил како инспирација или матрица за многубројни либрета и симфониски дела на различни композитори, а во ликовната уметност мотиви од романот се претставени на платна или фрески на сликари како Рафаел, Рубенс, Придон.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.