Метаморфози

Original title: / | Num. of pages: 387 | Dimensions: 20 cm | Cover: /

/Во историјата на римската книжевност, поетот Публиј Овидиј Насон (Publius Ovidius Naso, 43 пр.н.е. ‒ 17/18 н.е.) не само што ја имал таа среќа да живее во т.н. „златен век“, туку и сосема заслужено да се издвои и да остане запаметен во колективната меморија во период во кој навистина создавале ненадминати антички автори. Имено, воопшто не изненадува тоа што (веднаш по Вергилиј) Овидиј добива привилегирано место во Дантеовиот антички поетски „пантеон“ запазен во Божествената комедија. Иако Овидиевиот возбудлив живопис се оцртува со огромни амплитуди (од миленик на римската елита до поет прогонет по налог на моќниот Октавијан Август), Овидиј е несомнено еден од највлијателните антички поети не само во книжевноста пишувана на латински јазик, туку и во целокупната светска книжевност.

При создавањето на своето најзначајно дело, епот Метаморфози, Овидиј не бил прв (а ни последен) поет кој црпел теми од бескрајниот океан на митолошкото наследство. Но, веројатно Овидиј е еден од ретките поети кому му успеало во епска песна да обедини толку многу приказни во едно ново раскажувачко единство, одбирајќи го топосот на преобразбата како стожерна тематска матрица при селектирањето на митолошката граѓа.

Price: 315 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Метаморфози

Category:
SKU: 9786084721499

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Метаморфози”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in