Методија Шаторов – Шарло: Документи и материјали

Автор: /
Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Документи и материјали | Бр. на страни: 434 | Димензии: 240х170 | Корица: мека

Зборникот опфаќа 105 документи, 45 материјали (реферати, прогласи и статии) и други прилози (фотографии, факсимили, полициско досие...). Најголем број од нив се наоѓа во бугарските архиви, дел во руските и во Македонија. Најголемиот дел од документите првпат се објавуваат. Зборникот со документи е поделен на четири глави, односно посебни тематски целини: материјали пишувани од Шаторов; писма, односно лична кореспонденција од Шаторов и до него; прогласи, декларации и повици на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, пишувани од Шаторов; и полициски документи од Досието на Шаторов, односно негово следење од бугарската полиција.     Низ презентираните документи и материјали во Зборникот се открива животот и револуционерниот пат на овој македонски комунистички деец, а особено на неговите политичко-програмски погледи и залагања во однос на слободата, државноста и националноста на Македонија и на македонскиот народ. Преку оваа пишана политичка оставина на Методија Шаторов-Шарло, читателите може да се запознаат со нови, досега непознати негови погледи, залагања и дејства во однос на македонските проблеми и потреби за посебна македонска самостојна и независна држава и во кои се расветлуваат нови моменти од неговата политичка и револуционерна активност по македонска национална линија.

Цена: 500 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Методија Шаторов – Шарло: Документи и материјали

Категорија:
ИСБН: 978-608-4614-23-4

Questions and Answers

You are not logged in