Методија Шаторов – Шарло: Документи и материјали
Author:
/
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2012
Original title:
Документи и материјали |
Num. of pages:
434 |
Dimensions:
240х170
|
Cover:
мека
Зборникот опфаќа 105 документи, 45 материјали (реферати, прогласи и статии) и други прилози (фотографии, факсимили, полициско досие...). Најголем број од нив се наоѓа во бугарските архиви, дел во руските и во Македонија. Најголемиот дел од документите првпат се објавуваат. Зборникот со документи е поделен на четири глави, односно посебни тематски целини: материјали пишувани од Шаторов; писма, односно лична кореспонденција од Шаторов и до него; прогласи, декларации и повици на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, пишувани од Шаторов; и полициски документи од Досието на Шаторов, односно негово следење од бугарската полиција. Низ презентираните документи и материјали во Зборникот се открива животот и револуционерниот пат на овој македонски комунистички деец, а особено на неговите политичко-програмски погледи и залагања во однос на слободата, државноста и националноста на Македонија и на македонскиот народ. Преку оваа пишана политичка оставина на Методија Шаторов-Шарло, читателите може да се запознаат со нови, досега непознати негови погледи, залагања и дејства во однос на македонските проблеми и потреби за посебна македонска самостојна и независна држава и во кои се расветлуваат нови моменти од неговата политичка и револуционерна активност по македонска национална линија.
Questions and Answers
You are not logged in