Микробна контаминација на храна
Уредена од Чарлс Л.Вилсон, истражувач со научна и со едукативна кариера од речиси педесетина години, од кои 37 години државна служба во разни владини истражувачки центри за земјоделство и за храна, оваа книга претставува сеопфатна евалуација на микробиологијата, на биохемијата, откривањето на ризиците и на болестите што може да произлезат од храната. Разгледани се разни видови болести за кои е причинител храната, воведени се нови погледи кон патогениот ефект од бактеријата ешерихија коли и отворена е дискусија за микотоксините и за алфатоксините.
Во делот за откривање, набљудување и за контрола, разгледани се брзите електорхемиски бисензори и полимерната синџиреста реакција, претставени се новите методи за откривање на прионските болести и испитани се контролните и превентивни мерки, вклучувајќи ги тука и природните антимикроби.
Во делот за меѓународна регулатива и за трговија е евалуирано влијанието на глобализацијата врз ризикот од транснационални епидемии како што беше примерот со кравјото лудило, кое се прошири во повеќе земји поради трговијата со говедско месо. Даден е преглед на меѓународните програми за намалување на контаминацијата на храната и за зголемување на нејзината безбедност.
За крај, уредникот оставил место и за една несакана, но, сепак, актуелна тема за која мора да се дебатира – биотероризмот. Направено е истражување за суштината на биотероризмот и за потенцијалните можности од употреба на разни хемиски, биолошки и радиолошки агенси за терористички цели. Како заклучок, понудено е решение за заштита на храната од евентуалните напади и за максимално намалување на можноста за контаминација.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
2 reviews for Микробна контаминација на храна
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –