Микрофони
Author:
Миле Серафимовски
Publisher:
Емитер |
Language:
Македонски |
Year:
2004
Original title:
Микрофони |
Num. of pages:
52 |
Dimensions:
А5
|
Cover:
/
Сè за микрофоните: принцип на работа, видови, карактеристики, препораки за избор и примена, кабли, конектори, приказ на познати модели... Брошура за секој сегашен и иден тон-мајстор.
Брошурата "Микрофони" од Миле Серафимовски е наменета за сите сегашни и идни тонски сниматели, тонски мајстори и тонски инженери кои работат или ќе работат во аудио-видео студијата, како и во радио и телевизиските куќи.
Во неа се содржани основните принципи на работа на сите познати видови микрофони што се користат денес во сите области на животот, со особен акцент на професионалното користење, како и основните технички карактеристики важни за правилната проценка при изборот на некој микрофон за определена намена.
Дадени се и најосновните препораки за поставувањето на микрофоните, за микрофонските кабли, микрофонските конектори, ветробрани, нега на микрофоните и кус преглед на микрофони од многу производители што досега стекнале светска афирмација за одредени примени.
Reviews
There are no reviews yet.