Мио, мој Мио

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2004
Оригинален наслов: Mio, min Mio | Бр. на страни: 166 | Димензии: 200х140 | Корица: /

   „Мио, мој Мио“ се смета за едно од најдобрите дела на шведската писателка Астрид Линдгрен (1907-2002), која во светската литература е исто толку позната и по интернационално популарниот лик Пипи Долгиот Чорап од истоименото дело. И шест децении по првото издание, „Мио, мој Мио“ сè уште е едно од најпопуларните дела во литературата за млади во светот. Тоа е подеднакво интересно, фасцинантно и трогателно четиво и за младите и за возрасните читатели.    Ова е дело со врвно раскажувачко мајсторство, оценето како ремек-дело на авторката. Романот е напишан како сказна, во која има многу тага, но има и среќен крај. Во него има многу ефектни драматични пресврти, многу топлина и магија која ги надминува и митските димензии – главниот лик Мио со многу фантазија ја пополнува големата празнина од татковата љубов и грижа.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 200 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Мио, мој Мио

Категорија:
ИСБН: 9989-2231-5-7

Questions and Answers

You are not logged in