Мистикот Јунг
Author:
Гери Лакман
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2022
Original title:
Jung the Mystic: The Esoteric Dimensions of Carl Jung’s Life and Teachings |
Num. of pages:
288 |
Dimensions:
13х20
|
Cover:
мека
Оваа нова биографија на Карл Густав Јунг ја пополнува празнината во нашето сфаќање и разбирање на основоположникот на психијатријата, преку фокусот на окултната и мистична димензија на неговиот живот и дело, аспект што сè досега беше многу погрешно толкуван. Јунг е легендарниот швајцарски психијатар и психоаналитичар, кој ја основал аналитичката психологија, познат по иновативните концепти како што се: колективното несвесно, теоријата за архетиповите и синхроницитетот. Поради неговата важност, честопати се одбегнуваше да се спомене каква било експлицитна поврзаност со мистицизмот или со окултното. Сепак, Јунг живеел живот богат со паранормални искуства – дебатирал со Зигмунд Фројд околу постоењето на полтергејстите, учествувал во сеанси, вклучувал астрологија во својата терапевтска работа, раскажувал за сопственото доживување и допир со смртта, а соработувал и соосновачот на парапсихологијата, Џ. Б. Рајн. Токму овие искуства – минорно спомнати во другите биографии или критички студии и честопати користени за да се оспорат Јунг и неговата философија – го обликуваат јадрото на оваа значајна нова биографија. Гери Лакман на ваков начин го затвора кругот: им пристапува на животот и делото на Јунг од гледна точка на западната езотерична традиција и го сместува во контекст на другите главни езотерични мислители како Рудолф Штајнер, Г. И. Гурџиев и Емануел Сведенборг. Во таа смисла, оваа нова биографија е во корелација со сензибилитетот на читателите што со право го доживуваат Јунг како зачетник на денешната современа метафизичка култура.
Reviews
There are no reviews yet.