Митски координати

Издавач: македоника | Јазик: Македонски | Година: 2008
Оригинален наслов: Митски координати | Бр. на страни: 168 | Димензии: 200х140 | Корица: /

Митски координати претставува сумиран толковник и прирачник за читање, поимање, толкување и дешифрирање на митот. Се работи за студија која има амбиции да го понуди клучот за одгатнување на универзалниот митски и религиски код; дело кое ја разгатнува шифрата за влез во сите светски митологии, бидејќи сите митологии и митови следат еден ист модел.Книгата Митски координати, којашто претставува „екстракт“ на едно поопширно истражување, нуди богата синтеза на севкупното митолошко искуство. Таа настојува да го дешифрира и што попрецизно да го дефинира митот, со цел да го побие еднаш-засекогаш најраспространетото и најбаналното сфаќање дека митот е приказна. Докажувајќи дека митот е многу повеќе од приказна и дека тоа е исклучително сложен феномен кој во себе го апсорбирал повеќезначното човечко искуство (и духовно и егзистенцијално-практично), авторката ги определува кардиналните својства на митот, преку кои ја кодира и истовремено ја декодира специфичната митологика.

Цена: 200 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Митски координати

Категорија:
ИСБН: 978-9989-163-66-1

Questions and Answers

You are not logged in