Митски координати

Publisher: македоника | Language: Македонски | Year: 2008
Original title: Митски координати | Num. of pages: 168 | Dimensions: 200х140 | Cover: /

Митски координати претставува сумиран толковник и прирачник за читање, поимање, толкување и дешифрирање на митот. Се работи за студија која има амбиции да го понуди клучот за одгатнување на универзалниот митски и религиски код; дело кое ја разгатнува шифрата за влез во сите светски митологии, бидејќи сите митологии и митови следат еден ист модел.Книгата Митски координати, којашто претставува „екстракт“ на едно поопширно истражување, нуди богата синтеза на севкупното митолошко искуство. Таа настојува да го дешифрира и што попрецизно да го дефинира митот, со цел да го побие еднаш-засекогаш најраспространетото и најбаналното сфаќање дека митот е приказна. Докажувајќи дека митот е многу повеќе од приказна и дека тоа е исклучително сложен феномен кој во себе го апсорбирал повеќезначното човечко искуство (и духовно и егзистенцијално-практично), авторката ги определува кардиналните својства на митот, преку кои ја кодира и истовремено ја декодира специфичната митологика.

Price: 200 ден

5 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Митски координати

Category:
SKU: 978-9989-163-66-1

Questions and Answers

You are not logged in