Модерна имплементација на компајлери во Java

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Modern compiler implementation in Java | Бр. на страни: 502 | Димензии: 240x165 | Корица: /

Во оваа книга се опишани сите фази на еден компајлер; лексичката анализа, разложувањето, апстрактната синтакса, семантичките дејства, посредните претстави, инструкциската селекција преку споредување на дрвата, анализата на податочниот тек, доделувањето регистри со помош на боење графови, како и системите при извршување. Во неа е вклучено добро покривање на тековните техники за генерирање програмски код и доделување регистри, како и преведувањето на функционални и објектноориентирани јазици што ги нема кај повеќето книги. Најприфатените и најуспешните техники се концизно опишани, наместо да претставуваат исцрпен каталог на секоја можна варијанта, и се илустрирани со реални класи во Java. Првиот дел од книгата, Основите на преведувањето, е погоден за едносеместрален почетен курс од дизајнот на компајлери. Вториот дел, Напредни теми, кој вклучува преведување на објектноориентирани и функционални јазици, собирање отпад, оптимизација на јамки, SSA форма, распоредување инструкции и оптимизација на хиерархиите на кеш меморијата, може да се употреби за втор семестар или постдипломски курс.

Новото издание е повторно напишано за да вклучи поголема дискусија за Java и концептите на објектноориентираното програмирање, како што се посетител-облиците. Единствена карактеристика е новоредизајнираниот проект за компајлер во Java за подмножество од самата Java. Проектот вклучува и преден и заден дел, што ќе им овозможи на учениците да изградат комплетен функционален компајлер во текот на еден семестар.

Цена: 1900 ден

70 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Модерна имплементација на компајлери во Java

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-757-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Модерна имплементација на компајлери во Java”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in