Модерна македонска кујна
Во готвачот ,,Модерна македонска кујна“ Огненовски обединува 100 модерни оброци кои се инспирирани од традиционалната македонска кујна и напуштени рецепти од различни подрачја од Македонија. Рецептите се напишани на едноставен начин, а се создадени од свежи сезонски состојки со македонско потекло
Целта на ова дело, е да се обнови автентичната македонска кујна, чија уникатност е силен аспект во националното брендирање на Македонија. Природните состојки кои растат во нашиот двор, како и напуштените начини на приготвување на храната кои се типично македонски, Огненовски ги враќа во живот, формирајќи нови модерни ритуали на исхрана кои го адресираат современиот човек и неговата потреба од квалитетен и здрав живот.
Книгата содржи 100 модерни оброци инспирирани од традиционалната македонска кујна, како и заборавени рецепти од различни подрачја од Македонија.
– Ова е потсетник за убавината на животот, запис за љубовта и за природата. Во книгата ќе најдете рецепти од нашите баби, прераскажани во модерни и убави фотографии и дизајни. Ќе забележите состојки од дворот на нашата викендичка, од планината на половина час возење од дома, истакна Огненовски на промоцијата.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.