Моите другари – дел од мојот живот
Автор:
Трифун Костовски
Издавач:
КУЛТУРА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2023
Оригинален наслов:
МОИТЕ ДРУГАРИ – дел од мојот живот |
Бр. на страни:
158 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Почитувани читатели, моето споделување на сеќавања со вас сакам да го сфатите како еден нормален социолошки порив. Убеден сум дека многумина на моја возраст имале идентично или слично детство.
Овие раскази поврзани со сеќавањата од моето детство би сакал да бидат еден вид историски факт за тоа како сме живееле пред само 6-7 децении и колку светот брзо се менува. Ако историјата ги пишува своите траги преку она што го гледаме и читаме преку артефакти, сметам дека нашиве лични пишувања за нашите сеќавања се еден вид историја и фактографија што треба да ја знаеме и од неа да влечеме поуки.
Старите Египќани оставиле трајни цивилизациски вредности и сè уште кај модерниот свет предизвикуваат воодушевување, тоа се пирамидите, сфингите, астрономијата… Меѓутоа многу малку знаеме за животот на тие луѓе што живееле во тие времиња што граделе цивилизациски вредности. Од таа причина сметам дека сеќавањата мораме да ги пренесеме и во писмена форма со цел да оставиме траг во севкупната историја на човештвото.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.