Мојата борба за Македонија. Т. 6, Политичкото досие на Драган Богдановски

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2021
Original title: Мојата борба за Македонија. Т. 6, Политичкото досие на Драган Богдановски | Num. of pages: 424 | Dimensions: 24 | Cover: мека

Во „Политичкото досие на Драган Богдановски“ (том 6 од серијата „Мојата борба за Македонија“) се објавени 132 документи од македонската служба за јавна безбедност (УДБ-а), која за него водела досие од 1952 година па до неговата смрт во 1998 година. Подредени по хронолошки ред според датумот на нивното настанување, избрани се само најзначајните полициски документи (службени белешки, извештаи, информации, депеши и др.), потоа два обвинителни документа и неколку позначајни изјави на Драган Богдановски додека бил во притвор – изолација во резерватот „Јасен“, а на крајот на зборникот се објавени и 13 факсимили на документи и 15 фотографии направени од македонските полициски служби. Драган Богдановски е најпознатиот македонски дисидент во втората половина на минатиот век, кој сиот свој живот го исполнил со активности за осамостојување и обединување на Македонија. За време на емигрантскиот живот, Богдановски постојано бил следен од тајните служби, како на Југославија, Бугарија и Грција, така и на земјите каде што престојувал. Обемното досие на македонските полициски служби, кое е филтрирано и недостигаат многу значајни документи, денес се наоѓа во Државниот архив на Македонија. Од илјадниците страници документи селектирани и објавени се само позначајните, кои даваат пресек на неговата дејност.

Price: 500 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Мојата борба за Македонија. Т. 6, Политичкото досие на Драган Богдановски

Categories: , , ,
SKU: 978-608-4614-81-4

Questions and Answers

You are not logged in