Моќта на љубовта
Автор:
Дон Мигуел Руис
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
The mastery of love |
Бр. на страни:
152 |
Димензии:
125х195
|
Корица:
/
Најсреќните мигови во нашиот живот се оние во кои си играме како деца, кога пееме и танцуваме, кога истражуваме и создаваме само за забава. Прекрасно е човек да се однесува како дете, зашто детското срце е секогаш искрено и чисто. Но што се случило со возрасните и воопшто со целиот свет?Раскажувајќи навидум обични приказни и случки, Руис ни ја открива одамна подзаборавената филозофија на живеењето според која стравот, себичноста и контролата го уништуваат речиси секој човечки однос, а препуштајќи им се на великодушноста, слободата и љубовта го создаваме најубавиот однос - вечната љубов. Пренесувајќи ни ја големата мудрост на Толтеците, Руис нè поттикнува да се свртиме кон себе си, кон своето најскришно Јас и таму одново да се пронајдеме.Конечно, кога ќе сфатиме дека никој друг не може да нè направи среќни и дека среќата е последица на љубовта што ја чувствуваме во себе, ќе завладееме со најзначајната вештина на Толтеците, а тоа е Моќта на Љубовта.
2 оценки за Моќта на љубовта
Questions and Answers
You are not logged in
Иво Митрушев (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –