Монахот што се плашеше од смртта

Издавач: ПНВ Публикации | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 134 | Димензии: 21x13,5 | Корица: мека

Збирката раскази „Монахот што се плашеше од смртта“ е составена од 17 раскази. Секој од нив е приказна за себе. Тие се самостојни, со различни теми и секако со различен пристап во раскажувањето. Авторот сам ги подредува така како што се хронолошки напишани. Литератутната критика пак слободно може да ги издвои во циклуси.

        Така, на пример, расказите „Разговор со Марија“, „Мечтателот“, „Малигани“,  „Паралелни животи“ па дури и „Човекот со скинат чорап“ би можеле да ги дефинираме како љубовни. Сите тие обработуваат по една љубовна приказна, што за жал, завршува не со среќен крај. Некој од нив ја обработува неверната љубов, некој современата помеѓу истополови личности, некој неостварената љубов, а некој  пак каењето и жалењето по завршената љубов.

        Расказите „Риболов“, „Гамбит“, „Живи гробови“ се фокусираат на теми во одредено општествено-политичко милје, современото. Сменети се темите на риболовците притиснати од секојдневните проблеми, се умира со пресечените дрвја во паркот за на нивно место да израснат споменици, селата се празни со луѓе – полни се само гробиштата. Извонредна метафора за македонското секојдневие.

 
        „Смрт или слобода“, „Сенки на мостот“ и „Уште една смена на пунктот“ авторот, претпоставуваме, несвесно, ги напишал како трилогија што опфаќа три извонредни историски поглавја – смртта на Питу Гули, животот, начинот на размислувањето за време на една ударна акција при градењето на еден мост и учеството на Македонецот во Мировната мисија на НАТО во Авганистан. Во овие раскази патриотизмот на Македонецот се глобализира во согласност со модерните текови на животот. 
 
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 290 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач ПНВ Публикации

Report an abuse for product Монахот што се плашеше од смртта

Категорија:
ИСБН: 978-608-4641-30-8

2 оценки за Монахот што се плашеше од смртта

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in