Монахот што се плашеше од смртта
Збирката раскази „Монахот што се плашеше од смртта“ е составена од 17 раскази. Секој од нив е приказна за себе. Тие се самостојни, со различни теми и секако со различен пристап во раскажувањето. Авторот сам ги подредува така како што се хронолошки напишани. Литератутната критика пак слободно може да ги издвои во циклуси.
Така, на пример, расказите „Разговор со Марија“, „Мечтателот“, „Малигани“, „Паралелни животи“ па дури и „Човекот со скинат чорап“ би можеле да ги дефинираме како љубовни. Сите тие обработуваат по една љубовна приказна, што за жал, завршува не со среќен крај. Некој од нив ја обработува неверната љубов, некој современата помеѓу истополови личности, некој неостварената љубов, а некој пак каењето и жалењето по завршената љубов.
Расказите „Риболов“, „Гамбит“, „Живи гробови“ се фокусираат на теми во одредено општествено-политичко милје, современото. Сменети се темите на риболовците притиснати од секојдневните проблеми, се умира со пресечените дрвја во паркот за на нивно место да израснат споменици, селата се празни со луѓе – полни се само гробиштата. Извонредна метафора за македонското секојдневие.
2 оценки за Монахот што се плашеше од смртта
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –