Морис и фустанот со боја на мандарина

Издавач: Темплум | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Morris Micklewhite and the tangerine dress | Бр. на страни: 32 | Димензии: 27 цм | Корица: мека

Морис е мало момче со бујна фантазија. Сака да црта, да пее, и си ја сака својата мачка Мо. На училиште обожава да си игра со облеката, особено со прекрасниот фустан со боја на мандарина. Фустанот го потсетува на тигри, на сонцето и на косата на мајка му. Но, другите деца не го разбираат тоа. Велат дека фустаните се само за девојчиња. Затоа, Морис не е добредојден на вселенскиот брод на неговите соученици – тие велат дека астронаутите не носат фустани. Морис не дозволува отфрлањето од неговите соученици да го обесхрабри. По неколку дена минати дома со неговите боички и со мачката и тој си ја враќа самодовербата. Се враќа на училиште горделиво носејќи си го фустанот и наоѓа умен начин да ги поведе своите соученици на прекрасно вселенско патување. Според писателката, Балдачино: „Главниот фокус на книгата е булингот помеѓу децата. На децата им треба простор за да можат да откријат кои се“, вели таа. „Книгава е посветена на луѓето кои само се обидуваат да бидат она што се и слободно да го изразуваат тоа. Морис е препуштен да се открие себеси“. Приказната силно оживува со помош на искусната илустраторка Изабел Маланфан и нејзините соновни илустрации. Впечатливите шарени слики топло ги доловуваат ранливоста на Морис и неговата жива фантазија. Морис и фустанот со боја на мандарина е трогателна и богата сликовница. Тој е лик кој на многу читатели ќе им делува близок и познат. Книгата порачува дека не само што е во ред да бидеш она што си, туку и дека тоа е важно, и едновремено треба да ги поддржуваш другите во тоа.

Цена: 350 ден

1 на залиха

Спореди
Продавач Темплум

Report an abuse for product Морис и фустанот со боја на мандарина

Категории: ,
ИСБН: 978-608-4871-42-2

Questions and Answers

You are not logged in