Мостот на копнежите

Издавач: КУЛТУРА | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 58 | Димензии: 12,5x20 | Корица: мека

Дебитантската поетска книга „Мостот на копнежите“ од Сузана Мицева во себе носи сериозен амалгам од поетски слики, произлезени од автентично женско поетско писмо, слики што никнуваат од еден сериозен емоционален колорит, што прашуваат, одговараат, слики што во себе содржат цели светови и мигови едновремено и што го предизвикуваат читателот да го подвргне својот емоционален свет и апарат и да соучествува со гласот на текстот низ лавиринтите на душата. Стихозбирката „Мостот на копнежите“ е еден слоевит книжевен труд чии внатрешни единици се поврзуваат преку метафората на мостот, како спојувалка, како приближување на две оддалечености, како собирање на сите аспекти на љубовниот копнеж во еден миг, а во тој миг сите причини поради кои душата има потреба од друга душа, објаснувајќи ја делбата на својот свет со некој друг свет како нужност преку која расне во повозвишен вид човек. Имајќи предвид дека станува збор за дебитантска книга, со сигурност може да се каже дека авторството што во иднина ќе произлезе од богатиот внатрешен свет на Мицева ќе придонесе во развојот на македонската современа поезија, но и подалеку, дека ќе ги надмине јазичните граници и ќе стане глобална книжевна вредност.

Цена: 150 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Култура

Report an abuse for product Мостот на копнежите

Категорија:
ИСБН: 978-9989-32-804-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Мостот на копнежите”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in