МПЦ-ОА и другите православни помесни цркви
Author:
Александар Трајановски
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
МПЦ-ОА и другите православни помесни цркви |
Num. of pages:
348 |
Dimensions:
240х170
|
Cover:
мека
Овој труд има монографски карактер и ја обработува историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, но истовремено тоа е труд и за историјата на православјето, односно на сите православни цркви, на кои, повеќе или помалку, авторот им посветува посебно внимание. Книгата, всушност, е резултат на скоро дведецениски предавања на авторот на предметот: Историја на православните помесни цркви на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Пишувајќи за православните помесни цркви, авторот ги изложува најзначајни историски сознанија за секоја посебно, црпени од автентични архивски фондови, како и од повеќе соодветни и реномирани архивски центри. За сите православни помесни цркви, авторот ја презентира хронологијата од нивното појавување, стекнување со автономија или автокефалност, нивниот развој па сè до нивниот шематизам на новото време. За секоја глава, посветена на поединечна помесна православна црква, приложува основни извори и литература, поткрепени со фотографии, факсимили и други прилози.
Questions and Answers
You are not logged in