Мудар родител – среќно бебе
Автор:
Хедвиг Монтгомери
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Miraklenestid |
Бр. на страни:
208 |
Димензии:
14,5x20,5
|
Корица:
мека
Бебињата се чудо! Не е важно колку деца имате, искуството со секое е ново, различно, посебно, и како родител никогаш не престанувате да се грижите што е најдобро за вашето дете.
„Мудар родител – среќно бебе“ е модерна библија за родителите на дваесет и првиот век. Во седум лесни чекори, психологинката и семеен терапевт Хедвиг Монтгомери ги води родителите низ првите 24 месеци од детскиот живот. Бидејќи првите две години од животот се навистина чудесни. Неверојатно е да се воспитува дете од првите денови, од немоќно бебе што само лежи или лази до дете што чекори покрај вас и говори. Во еден момент тоа не може ништо, а веќе во следниот може сè. Тие две години се како цела вечност, еден посебен универзум. И затоа е потребен овој придружник!
Како да имате среќно дете? Како да стекнете доверба? Како да го подготвите детето за тешките нешта што следуваат? Колку навистина смеете да бидете нервозни? Која е најчестата грешка што ја прават родителите?
„Мудар родител– среќно бебе“ е поучна и едноставна книга, која ќе ве научи како да станете родител каков што посакувате да бидете.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.