Музеј на детството
Автор:
Алма Растодер
Издавач:
Либи |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Музеј на детството |
Бр. на страни:
88 |
Димензии:
145/205
|
Корица:
тврда
„Сакам да направам нешто многу важно со кое ќе го спасам човештвото од заборав на емоциите од детството. Тоа би бил првиот Музеј на детството. Оттаму од каде што доаѓам многу се ценат вистинските чувства, возбудувањата, искрените зборови... Музејот ќе биде вистината за едно дете, кое, каде и да се наоѓа, чувствува и се соочува со слични или исти настани.“
Новата книга на Алма Растодер „Музеј на детството“ е прозна сложувалка, колаж, пачворк од повеќе приказни за детството во различно време и од различни простори, врзани меѓу себе, допрени во една определена точка или сосем самостојни. Она што ги обединува во целина и што овозможува да ги читаме и како фрагментарен роман за млади е можноста личните приказни да се сфатат како книжевни експонати во замислениот музеј на детството, што е и носечката идеја при раскажувањето.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.