Музиката и неискажливото

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2013
Original title: Le musique et l`inffable | Num. of pages: 150 | Dimensions: 200х140 | Cover: /

„Што е музиката? Се прашува Габриел Форе во потрага на ’непреведливото‘, од премногу нереалната химера која нè издига ’над сè што е таа...‘ Тоа е времето кога ја планираше и ја најави својата прва изведба на неговиот прв Квинтет, и не знае што е музиката, ни тоа дали таа е нешто! Во музиката има една двојна компликација, генератор, придвижувач на проблемите на метафизиката и моралните проблеми за да може подобро да се справи со нашата нерешителност. Затоа што музиката во исто време е и изразна и неизразна, сериозна и лекомислена, длабока и површна; таа има смисла и во исто време нема своја смисла. Дали музиката е забава без значење? Или пак е еден шифриран јазик како што се мистериозните хиероглифи? Или може да се каже дека е двете заедно? Но, таа суштинска двосмисленост, исто така, има свој збунувачки контраст, една иронична и скандалозна диспропорција помеѓу магичната моќ на музиката и неочигледната цврста основа на музичката убавина.“

В. Ј.

*

Владимир Јанкелевич (1903-1986) е француски естетичар, филозоф, музиколог, пијанист, страстен обожувач на Лист и Дебиси. Бил професор на повеќе француски универзитети, а најдолго на Сорбона, каде што бил и шеф на катедрата за морална филозофија. Автор е на голем број дела од филозофијата и музиката и поврзани со Бергсон, Форе, Дебиси, Лист, Равел, Римски-Корсаков, Чајковски... Иако теориски, неколку негови дела се објавувани во повеќе изданија. Му се припишуваат голем број естетички и антиестетички разјаснувања на заблуди за музиката.

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(1 customer review)

Price: 150 ден

5 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Музиката и неискажливото

Category:
SKU: 978-608-4614-36-4

1 review for Музиката и неискажливото

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in