На пат кон Дамаск

Издавач: Слово | Јазик: Македонски | Година: 2006
Оригинален наслов: На пат кон Дамаск : (загубеното послание до Македонците) | Бр. на страни: 168 | Димензии: 20 cm | Корица: /

...Движењето со кое секогаш си ги триеше зглобовите уморни од пишување го потсети на татко му, шаторџијата кого Петар го споменуваше со толку презир. Долго веќе не беше помислил на него, со години, со векови, му се чинеше, уште од оној пат кога последно, оддалеку го виде Тарс. Тогаш тој стоеше на палубата на бродот што заплови од Цезареја кон Рим, придружен од Аристарх од Солун и од Лука, лекарот кој постојано, под будните очи на римските војници, запишуваше се' што се случуваше, оти како и тој самиот веруваше дека мора да се пишува за да остане нешто за поколенијата. Бидејќи ветрот им одеше се' наспроти бродот, мораа да пловат засолнети од Кипар и тој помина долго време загледан копнежливо кон копното, кон Тарс, кон градот во кој ги остави мајка си и татко си кога на тринаесет години замина за Ерусалим. Толку многу чувства во тој свеж мирис од островот на неговото детство - љубов, тага, прекор, сеќавањата, му се туркаа во главата без ред. Знаеше дека тогаш го гледа Тарс за последен пат и дека никогаш повеќе нема да се врати на тие безгрижни брегови на неговото детство...

Цена: 210 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Слово

Report an abuse for product На пат кон Дамаск

Категорија:
ИСБН: 9989-103-60-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “На пат кон Дамаск”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in