На пат кон Дамаск
Author:
Елизабета Баковска
Publisher:
Слово |
Language:
Македонски |
Year:
2006
Original title:
На пат кон Дамаск : (загубеното послание до Македонците) |
Num. of pages:
168 |
Dimensions:
20 cm
|
Cover:
/
...Движењето со кое секогаш си ги триеше зглобовите уморни од пишување го потсети на татко му, шаторџијата кого Петар го споменуваше со толку презир. Долго веќе не беше помислил на него, со години, со векови, му се чинеше, уште од оној пат кога последно, оддалеку го виде Тарс. Тогаш тој стоеше на палубата на бродот што заплови од Цезареја кон Рим, придружен од Аристарх од Солун и од Лука, лекарот кој постојано, под будните очи на римските војници, запишуваше се' што се случуваше, оти како и тој самиот веруваше дека мора да се пишува за да остане нешто за поколенијата. Бидејќи ветрот им одеше се' наспроти бродот, мораа да пловат засолнети од Кипар и тој помина долго време загледан копнежливо кон копното, кон Тарс, кон градот во кој ги остави мајка си и татко си кога на тринаесет години замина за Ерусалим. Толку многу чувства во тој свеж мирис од островот на неговото детство - љубов, тага, прекор, сеќавањата, му се туркаа во главата без ред. Знаеше дека тогаш го гледа Тарс за последен пат и дека никогаш повеќе нема да се врати на тие безгрижни брегови на неговото детство...
Reviews
There are no reviews yet.