На север од егејскиот свет

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2021
Original title: На север од егејскиот свет | Num. of pages: 202 | Dimensions: 240х175 | Cover: мека

Книгата претставува сублимат на досегашните научни сознанија од истражувањата на авторот но и од севкупните истражувања за бронзеното и железното време на територијата непосредно на север од Егејското Море, од јадранскиот брег во Албанија до Црното Море во Бугарија. Таа е една целосно заокружена слика за културниот развиток на заедниците од таа територија, до нивното организирање во првите антички држави. Базирана е на севкупните досегашни археолошки откритија од териториите на денешните модерни држави на тој простор, обединувајќи ги на едно место во цврсто документирана научна целина, која преставува драгоцен прилог за балканската археологија и културна историја.

Таа е плод на тридецениското проучување и документирање на сите археолошки податоци што произлегуваат од теренските истражувања на локалитетите од бронзеното и железното време на територијата на целата т.н. среднобалканска зона.

„Белезите на материјалната и духовна култура на заедниците на север од егејскиот свет, според археолошките наоди, во многу сегменти се блиски меѓу себе, но и во речиси ист однос, како кон истовремените појави на југ во егејскиот басен, така и кон културите на север, во карпатско-подунавскиот басен. Оттаму се поставува прашањето дали тој регион да се посматра како северна периферија на т.н. егејски свет, како јужна периферија на карпатско-подунавскиот свет или како засебна етно-културна структура. За одговор на ова прашање неопходно е да се сумираат сите податоци што произлегуваат од археолошките истражувања во последните 100 години, од денешните територии на Јужна Албанија, Северна Македонија, Северна Грција и Јужна Бугарија“ – пишува Митревски во предговорот.

Книгата е илустрирана со стотина фотографии.

Драги Митревски е еден од најавторитетните археолози на Балканот за периодот на бронзеното и железното време. Тој лично учествувал во најголем број од истражувањата во последните 35 години во споменатиот регион од Балканот, било како непосреден раководител, како стручен консултант или како гостин во стручната екипа, особено на локалитетите во Република Македонија. Сето тоа му овозможува научна и стручна компетенција за овој проект, со кој се заокружува доволно документирана слика за културниот развиток на наведената територија во споменатиот период.

Price: 450 ден

7 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product На север од егејскиот свет

Category:
SKU: 978-608-252-161-9

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “На север од егејскиот свет”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in