Најголемото искушение на Дева Марија
Оваа книга е поука од животот за сите борци со судбината, која ненадејно може да ги затече во среќното секојдневие полно со мечти... Порака за сите девојки кои планираат семејство, жени во репродуктивен период, како и жени во менопауза да одат на редовни гинеколошки прегледи, да ги вршат потребните контроли, бидејќи некогаш новиот ден знае да биде бескрајно непредвидлив, во зданието на постоењето нешто незабележано во минатото може да ви ги уништи сите планови за иднината. Книгата е со намена да ги охрабри и најстрашливите, да спаси нечиј живот, во видокругот на постоењето ако некој ги има истите симптоми рано да ги препознае и дијагностицира, за последиците да не бидат фатални. Но вербата во Бога, во Исуса, е најсилна, вербата во мајка Дева Марија, петочна Параскева и сите други светци, кои знаат праведните да ги изведат на светлина, на спас после темниот и мрачен тунел во кој ги вовлекла болеста. Молитвата е најголемиот спасител кога сите други надежи непостојат или се минимални, таа царува и пред влезот во операционата сала, пред потонувањето во длабока и долгочасовна анестезија, во рацете на Бога и знаењата на докторот и останатиот персонал кој му асистира... Душата без гревови знае да биде наградена во најголемите страдања да се победи стравот од неуспех, со солзи радосници во очите во дланките да се подигне пехарот на успехот...
Оценки
Сѐ уште нема оценки.