Најголемото искушение на Дева Марија

Publisher: Дата ПЕСНОПОЈ | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: Најголемото искушение на Дева Марија | Num. of pages: 80 | Dimensions: 21 | Cover: /

Оваа книга е поука од животот за сите борци со судбината, која ненадејно може да ги затече во среќното секојдневие полно со мечти... Порака за сите девојки кои планираат семејство, жени во репродуктивен период, како и жени во менопауза да одат на редовни гинеколошки прегледи, да ги вршат потребните контроли, бидејќи некогаш новиот ден знае да биде бескрајно непредвидлив, во зданието на постоењето нешто незабележано во минатото може да ви ги уништи сите планови за иднината. Книгата е со намена да ги охрабри и најстрашливите, да спаси нечиј живот, во видокругот на постоењето ако некој ги има истите симптоми рано да ги препознае и дијагностицира, за последиците да не бидат фатални. Но вербата во Бога, во Исуса, е најсилна, вербата во мајка Дева Марија, петочна Параскева и сите други светци, кои знаат праведните да ги изведат на светлина, на спас после темниот и мрачен тунел во кој ги вовлекла болеста. Молитвата е најголемиот спасител кога сите други надежи непостојат или се минимални, таа царува и пред влезот во операционата сала, пред потонувањето во длабока и долгочасовна анестезија, во рацете на Бога и знаењата на докторот и останатиот персонал кој му асистира... Душата без гревови знае да биде наградена во најголемите страдања да се победи стравот од неуспех, со солзи радосници во очите  во дланките да се подигне пехарот на успехот...

                Болеста често не знае за возраст, нема прирачник за помош кога да настапи, нема суд и правила кого да го нападне... Предност ли е или недостаток да се биде медицинско лице, да се разбира целата латинска терминологија, да се знае етиологијата и патогенезата на некоја болест, да се претпоставува исходот во дијапазон од најблагата до најригорозната форма на тоа како може абнормалното да се развива, особено ако станува збор за сопственото здравје?! Не е едноставно да се соочиш со латински термин за цистичен тумор запишан пред твоите очи на извештајот од докторот... И замисли со тоа парче хартија во кое ја пишува ситуацијата, која на никој не би му ја посакала, да тргнеш во заштита на своето здравје, онолку малку или ако даде Бог повеќе, колку беше ти останало?! Толку многу има уште до средовечноста, таа е на половина пат од неа, а на третина, четвртина од староста, која којзнае дали ќе ја дочека...

Price: 320 ден

10 in stock

Compare
Sold By КупиКнига

Report an abuse for product Најголемото искушение на Дева Марија

Category:
SKU: 978-608-246-135-9

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Најголемото искушение на Дева Марија”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in