Најкратките раскази на светот

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Најкратките раскази на светот | Бр. на страни: 191 | Димензии: / | Корица: мека

Вилијам Фокнер рекол дека романсиерот е неуспешен автор на кратки раскази, а дека авторот на кратки раскази е неуспешен поет. Ернест Хемингвеј, создавајќи ја својата позната приказна од шест збора, „На продажба. Бебешки чевличиња. Никогаш носени.“, ја комбинира поезијата и драмата во една кратка форма, чијашто популарност расте, иако сè уште останува тешка за достигнување. Оваа приказна на Хемингвеј со децении служеше како поттик, ставајќи ја на тест способноста на писателите да создаваат свои кратки ремек-дела со секакви видови на инспиративни и духовити резултати, произведувајќи вистински мали драми што се голтаат во еден здив. Сега, оваа веќе добро позната идеја добива нов живот и на социјалните мрежи, каде што корисниците објавуваат сопствени кратки дела онлајн за да ја покажат својата креативност и концизност. Овие кратки приказни составени од само неколку (најчесто токму шест) збора не можат да се сместат во еден жанр, па дури ни во еден стил, а нивните единствени сличности се во тоа што строго се придржуваат на задолжителното ограничување на зборовите. Некои анегдоти се смешни, други се интроспективни, а трети се навистина трогателни. Во ова мало издание ви пренесуваме дел од најоригиналните најкратки раскази на светот.

Цена: 250 ден

30 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Најкратките раскази на светот

Категорија:
ИСБН: 978-608-259-034-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Најкратките раскази на светот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in