Најстар стил на македонското народно пеење
Автор:
Ѓорѓи М. Ѓоргиев
Издавач:
Арс ЛАМИНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Најстар стил на македонското народно пеење |
Бр. на страни:
262 |
Димензии:
20
|
Корица:
/
Оваа публикација претставува опсежна студија на најстариот слој на македонската вокална традиција, преку музички примери, собирани со децении и забележувани во нивната најизворна форма. Во фокусот на истражувањето се најстарите женски обредно-обичајни и трудови песни што содржат извикувања. Низ студијата, проф. Ѓорѓиев ја расветлува генезата, формата и содржината на поставените прашања од оваа проблематика, нурнувајќи се необично длабоко во предисторијата на пеењето, кај реликтните форми што содржат извикување, пред сè кај формите употребувани во дифузните предисториски говори оптоварени од безброј извикувања што без сомнеж претставуваат најсигурен, убедлив и неоспорен показател за идентификација на староста на песните со извикување што го олицетворуваат најстариот стил на македонското народно пеење. Студијата ги расветлува основните стилски особености, карактеристични за најстариот ембрионален слој на македонското народно пеење, како значаен дел од сеопштата македонска културна традиција. Оттаму, оваа студија претставува темел на идентификација, што овозможува трајно зачувување и афирмација на корените на македонското народно пеење како дел од македонското историско културно наследство. Проф. д-р Ѓорѓиев е првиот доктор етномузиколог во Македонија и прв доктор на музички науки на ФМУ во Белград од неговото постоење, а и меѓу првите на територијата на поранешните југословенски републики, со огромно искуство и широк опус на истражувања. Воедно, тој е и основоположник на одделот по етномузикологија на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Трудовите од неговиот авторски истражувачки опус се однесуваат на разновидни теми и проблеми од сите периоди во развојот на македонската песнопојска традиција. Оваа публикација е дел од неговата докторска студија и претставува исклучително важна придобивка за македонската научна етномузиколошка мисла.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.