Најстар стил на македонското народно пеење

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2020
Original title: Најстар стил на македонското народно пеење | Num. of pages: 262 | Dimensions: 20 | Cover: /

Оваа публикација претставува опсежна студија на најстариот слој на македонската вокална традиција, преку музички примери, собирани со децении и забележувани во нивната најизворна форма. Во фокусот на истражувањето се најстарите женски обредно-обичајни и трудови песни што содржат извикувања. Низ студијата, проф. Ѓорѓиев ја расветлува генезата, формата и содржината на поставените прашања од оваа проблематика, нурнувајќи се необично длабоко во предисторијата на пеењето, кај реликтните форми што содржат извикување, пред сè кај формите употребувани во дифузните предисториски говори оптоварени од безброј извикувања што без сомнеж претставуваат најсигурен, убедлив и неоспорен показател за идентификација на староста на песните со извикување што го олицетворуваат најстариот стил на македонското народно пеење. Студијата ги расветлува основните стилски особености, карактеристични за најстариот ембрионален слој на македонското народно пеење, како значаен дел од сеопштата македонска културна традиција. Оттаму, оваа студија претставува темел на идентификација, што овозможува трајно зачувување и афирмација на корените на македонското народно пеење како дел од македонското историско културно наследство. Проф. д-р Ѓорѓиев е првиот доктор етномузиколог во Македонија и прв доктор на музички науки на ФМУ во Белград од неговото постоење, а и меѓу првите на територијата на поранешните југословенски републики, со огромно искуство и широк опус на истражувања. Воедно, тој е и основоположник на одделот по етномузикологија на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Трудовите од неговиот авторски истражувачки опус се однесуваат на разновидни теми и проблеми од сите периоди во развојот на македонската песнопојска традиција. Оваа публикација е дел од неговата докторска студија и претставува исклучително важна придобивка за македонската научна етномузиколошка мисла.

Price: 600 ден

20 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Најстар стил на македонското народно пеење

Category:
SKU: 978-608-267-127-7

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Најстар стил на македонското народно пеење”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in