Најубавите библиски приказни

Издавач: Ѓурѓа | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 224 | Димензии: 230X160 | Корица: /

Зборот „библија“ значи „книга“, а за многумина Библијата е навистина само „Книга“, Книга над книгите која ги има сите рекорди во поглед на бројот на изданија, преводи и печатења во светот. Ова издание на Библијата е посебно и од друг аспект – тоа е збогатено со оригиналните гравури на ненадминатиот илустратор Гистав Доре. Изворните текстови се надополнети со неговите раскошни претстави на најзначајните свети теми, на највозбудливите настани и личности кои се нивни носители. Пред нас оживуваат цела галерија ликови кои ја обележале човековата историја. Благодарение на божјата дарба на Доре, имаме неповторлива можност да уживаме во најинтригантните сцени од постанокот на светот до последниот суд.Библијата е книга која има влезено во темелите на светската култура и цивилизација. Таа е едно од најголемите сведоштва на човечкиот род. Некои во Светото писмо настојуваат да ја пронајдат смислата на својот пат, други во неа бараат само сигурност, а на трети Светото писмо им влева доверба и им го отвора срцето. Некои ја читаат како утеха и предизвик, други како сочувано предание на своите предци.

Цена: 400 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Ѓурѓа

Report an abuse for product Најубавите библиски приказни

Категорија:
ИСБН: 9786082011103

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Најубавите библиски приказни”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in