Нанониче метод на законот на вистината

Издавач: Ниче Димовски Македон | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Нанониче метод на законот на вистината | Бр. на страни: 205 | Димензии: 21 | Корица: мека

Методот на најситната бесконечна енергија или т.н. НАНОНИЧЕ МЕТОД е магнет, кој привлекува посреќен и поисполнет живот. Применете го методот на најситната бесконечна енергија и одовде ќе стигнете токму таму каде што сакате. За да уживате во благодетите што животот многу долго ги чувал за вас, вие сега ќе ги побарате од него. Тоа што ќе го осознаете одејќи по патот на вистината, со љубов ќе им го пренесете на вашите деца, за и тие да се радуваат на најубавиот и највеличествениот подарок. Овој подарок што ќе им го оставите, тие ќе го подарат на своите потомци. Убавите пораки ја менуваат секоја генерација, го менуваат светот. Моето лично искуство покажа дека со внимателно и темелно учење и применување на НАНОНИЧЕ МЕТОДОТ, може да се постигне внатрешна преобразба која води кон нов живот. Својата среќа, благосостојба и изобилство ги пронајдов тогаш, кога ја сфатив суштината на Законот за вистината, односно НАНОНИЧЕ МЕТОДОТ и одлучив да го пренесам на другите кои искрено трагаат кон исполнет живот. Си реков: „Каде и да одам ќе си го носам Рајот со мене и ќе го подарувам секому кој ќе сака да го прими.“ Драг читателу, дозволи ми да те водам само седум дена. Сѐ што ќе ти кажам примени го, ако не ти се допадне, по седум дена повторно ќе си бидеш истиот. Нема што да изгубиш, можеш само да добиеш. Те замолувам само за една седмица. Таа седумка која мистериозно го врти светот, подари ми ја денес, за во следната да откриеш дека, всушност, подарокот бил наменет само за тебе. Тогаш, твојата среќа ќе нема крај, а вибрацијата ќе ти биде иста како мојава. Не заборавај никогаш, среќата е заразна! Оваа техника на најбрз и наједноставен начин прави промена во индивидуалната свест, при што се рефлектира и на колективната свест од нашето опкружување. Доколку овој метод започнат да го користат 4% од луѓето во една држава,, на пример во Македонија 90.000 луѓе, ќе се постигне успех кој неминовно таа земја и народ ќе ги направи први меѓу првите. На сличен начин, Јапонците по Втората светска војна ја променија колективната свест и Јапонија стана една од најмоќните земји на светот, на финансиско, економско и на духовно поле. Да пробаме. Нема што да изгубиме, може само да добиеме, индивидуално и колективно. Ти си на потег. Научи ти и научи ги оние кои ти значат, сите оние кои ги сакаш и почитуваш. Сѐ започнува од тебе, никогаш немој да го заборавиш ова златно правило: Сѐ што треба да сториш за да бидеш среќен, е да бидеш тоа што си!

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач КупиКнига

Report an abuse for product Нанониче метод на законот на вистината

Категорија:
ИСБН: 978-608-65442-2-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Нанониче метод на законот на вистината”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in