НАНОНИЧЕ МЕТОД НА ЗАКОНОТ НА ВИСТИНАТА
Автор:
НИЧЕ ДИМОВСКИ МАКЕДОН
Издавач:
Ниче Димовски Македон |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
НАНОНИЧЕ МЕТОД НА ЗАКОНОТ НА ВИСТИНАТА |
Бр. на страни:
205 |
Димензии:
210х120
|
Корица:
мека
Драг читателу, Ова е техниката која мене ми помогна да си го сменам животот на подобро и да добијам, сe што ќе посакам во животот. На наједноставен начин ги остварив моите соништа. Со искрена желба и ти да ја примениш, за потоа да живееш полетно, среќно и исполнето. Сѐ што правиш, го правиш најпрво за себе. Денес сети се на твојата света должност. Зошто си на оваа планета? Не стравувај повеќе од самиот себе. Твојата должност е денес да се засакаш себе си онака како што го сакаш Бога. Утрово сонцето го најави новиот ден кој беше иднина а веќе е минато. Утрешниот ден доаѓа како иднина и повторно ќе се случи истото. Затоа не заборавај што си вети и исполни го она што сакаш да стане твоја вистина. Ако знаеш што си денес ќе знаеш што можеш да бидеш утре. Биди среќа, биди љубов, биди светлина и биди што сакаш! Знај со сигурност во кој правец одиш. Од денес си токму тоа што овие седум дена го сонуваше со отворени очи! НЕ ЗАПИРАЈ ОВДЕ... Оваа техника на најбрз и наједноставен начин прави промена во индивидуалната свест, при што се рефлектира и на колективната свест од нашето опкружување. Доколку во една држава започнат да го користат 4% од луѓето овој метод, на пример во Македонија 90.000 луѓе, ќе се постигне успех кој неминовно таа земја и народ ќе ги направи први меѓу првите. На сличен начин, Јапонците по Втората светска војна ја променија колективната свест и Јапонија стана една од најмоќните земји на светот, на финансиско, економско и на духовно поле. Да пробаме. Нема што да изгубиме, може само да добиеме, индивидуално и колективно. Ти си на потег. Научи ти и научи ги оние кои ти значат, сите оние кои ги сакаш и почитуваш. Сѐ започнува од тебе, никогаш немој да го заборавиш ова златно правило: Сe што треба да сториш за да бидеш среќен, е да бидеш тоа што си!
Целокупната теорија на Универзумот е непогрешливо насочена на само една индивидуа
– НА ВАС САМИТЕ
Волт Витман
12 оценки за НАНОНИЧЕ МЕТОД НА ЗАКОНОТ НА ВИСТИНАТА
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
…и како што рече ТОЈ, така и БИ…”Денес се сетив на мојата света должност. Зошто сум на оваа планета? Не стравувам повеќе од самата себе. Мојата должност е денес да се засакам себе си онака како што го сакам Бога!Утрово сонцето го најави новиот ден кој беше иднина а веќе е минато. Утрешниот ден доаѓа како иднина и повторно ќе се случи истото. Затоа не заборавам што си ветив и го исполнувам она што сакам да стане моја вистина. Ако знам што сум денес ќе знам што можам да бидам утре.Јас сум среќа, јас сум љубов, јас сум светлина и јас сум она што сакам!Знам со сигурност во кој правец одам. Од денес сум токму тоа што сакам и СОНУВАМ СО ОТВОРЕНИ ОЧИ!”ЈАС
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
ljupco mihajloski (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
ljupco mihajloski (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –