Наполеон
Author:
Пол Џонсон
Publisher:
Арс ЛИБРИС |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
Napoleon: A life |
Num. of pages:
224 |
Dimensions:
132х190
|
Cover:
/
Извонредно проникливиот и темелен историчар Пол Џонсон во оваа книга ни нуди јасен и сеопфатен увид во животот на Наполеон, воениот стратег, генерал и диктатор кој за време на неговиот подем успева под своја власт да го стави поголемиот дел од Европа. Проследувајќи го неговиот животен пат од раните почетоци во Корзика и војничкиот режим во Париз, преку многубројните победи на бојните полиња и наметнувањето на само за него карактеристичната воена диктатура, па сè до прогонот и смртта, Џонсон се впушта во истражување на потеклото на свирепата амбиција што го води Наполеон низ неговиот живот и низата историски потфати.
Во Наполеоновата жед за моќ Џонсон гледа реалист кој останува имун на категориите како што се патриотизмот или идеологијата, а во насилното наследство што тој го остава зад себе го препознава зародишот на тоталитарните режими на XX век. Наполеон е исклучителен биографски портрет и лирско сведоштво за волјата и упорноста на една маркантна личност која, и покрај низа недостатоци, успева да се наметне и да остави траен и неизбришлив белег во европската и светската историја.
Reviews
There are no reviews yet.