Наука и технологија на млеко

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Dairy science and technology | Бр. на страни: 808 | Димензии: 145x230 | Корица: /

Во овој сеопфатен прирачник се понудени најновите информации за процесот на трансформација на млекото во висококвалитетни млечни производи. Фокусот е врз принципите на физичките, хемиските, ензимските и на микробните трансформации.
Питер Валстра
е познат како основоположник на науката за млекото. Предавал наука за млеко на Универзитетот „Вагенинген“, Холандија. Почина на 29 мај 2012 година.
Јан Т.М. Вутерс
и Том Ј. Гертс се истражувачи во истражувачкиот центар при Универзитетот „Вагенинген“, Холандија.
Во текстот се разработени повеќе аспекти од науката за млекото, но фокусот е задржан на хемијата, физиката и на микробиологијата на млекото. Покрај тоа што се обезбедени знаења за својствата на млекото, дадени се објаснувања и за сето она што се случува за време на неговата обработка, ракување и складирање. Разгледани се процесите што се применуваат во производството на млечни производи, со истакнување на сите параметри што влијаат врз квалитетот на производот и врз процесот на прозводство.
Во посебен дел од книгата се интегрирани знаењата за суровините и за начините на обработка во процесот за добивање на пастеризирано и на стерилизирано млеко, крем-производи, путер, концетрирано млеко, ферментирано млеко и млеко во прав. Посебно внимание е посветено на сирењето. Опишани се процесите на производство и на зреење на сирењето со сите трансформации што се случуваат притоа. Има дискусии и за специфични групи сирења.
Покрај сите досега наведени содржински компоненти од книгата, за крај може да спомнеме дека во сите делови се вклучени нутрициските аспекти за млечните компоненти, вклучително и на млечната храна за доенчиња.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5.00 од 5 според 1 рејтингот на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 2990 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Наука и технологија на млеко

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-256-4

1 оценка за Наука и технологија на млеко

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in