Не ми е страв

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 192 | Димензии: 13x20 | Корица: мека

Дејството на книгата е сместено на југот од Италија, при крајот на 1970-тите години. Најжешкото лето на дваесеттиот век. Мала заедница од пет куќи во огромно поле со пченица. Токму таму деветгодишниот Микеле Амитрано открива многу важна, страшна тајна и не му ја кажува никому. Во драматичните настани што следуваат, ќе се сруши детскиот свет, а возрасните ќе го прикажат своето вистинско, ужасно лице.

Италија на фудбалот, стриповите, старите „фиати“ и популарните радиомелодии е опишана во ритамот на вистински трилер. Моќен, лирски и многу вешто раскажан роман, споредуван со делата на Итало Калвино и на Стивен Кинг.

Со овој роман, Аманити станал најмладиот добитник на престижната награда „Вијареџо“. „Не ми е страв“ е преведен на десетина јазици и адаптиран во филм.

„Новиот италијански збор за талент е Аманити.“

The Times (UK)

„Аманити раскажува неизвесна приказна како во трилер на Хичкок.“

Washington Post

Рангирано 5.00 од 5 според 1 рејтингот на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 250 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Не ми е страв

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-283-0

1 оценка за Не ми е страв

  1. Rated 5 out of 5

    Слаѓан

    Odlicna, i filmot e mnogu dobar 🙂

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in