Небеска раскрсница /Crossroad in the sky
Author:
Искра Донева
Publisher:
Магор |
Language:
Македонски |
Year:
2009
Original title:
Небеска раскрсница /Crossroad in the sky |
Num. of pages:
116 |
Dimensions:
14,5х10 cm
|
Cover:
/
ПРЕД ИНТЕРМЕДИЈАЛНИТЕ
РАСКРСНИЦИ НА ИСКРА ДОНЕВА
Излегувањето од печат на најновиот хаику-ракопис на Искра Донева за македонската хаику-продукција е настан за одбележување, еден вид празник, пред сè бидејќи со оваа книга во македонската современа литература на најубав начин се инаугурира еден древен јапонски (во светот денес исклучително популарен) жанр, наречен хаига.Уште од своите почетоци, хаигата ги покажува сите клучни одлики на она што во теорискатамисла се нарекува „мешовит“ (книжевно-ликовен) дискурс. Фигуративно кажано, хаигата е брак меѓу сликата и текстот, при што се можни две основни варијанти: хаикуто му претходи на ликовното дело или обратно, хаикуто е инспирирано од ликовно дело. Затоа, најчесто хаигата е тандемски, ликовно-поетски потфат. Притоа, секој од елементите (и сликата и текстот) го задржува сопствениот идентитет, но прикажани заедно (сплотени во една нова целина) тие продуцираат нови естетски ефекти и побогати значења. Хаигата подразбира сложена естетска комуникација: во чинот на рецепција читателот-гледач едновремено ги восприема и пораките од вербалниот (хаику) и од визуелниот текст (цртеж, слика, фотографија). Во овој контекст, хаигите на Искра Донева се надоврзуваат на една од доминантните тенденции на современата хаига: хаикуто влегува во симбиоза со фотографијата. За разлика од традиционалниот однос текст-илустрација, каде што текстот неизбежно й претходи на ликовната интерпретација, во фотографската хаига ситуацијата (речиси без исклучок) е обратна. Но, во случајот на хаигите на Искра Донева станува збор за далеку покомплексна интерсемиотичкакомуникација: поетскиот текст не само што се впишува во ткивото на фотографијата, туку станува и нејзин поетски коментар. Тоа го гледаме уште во хаигата со која се отвора книгата. „Небото има своја / тајна географија. / Ене ја Австралија“ – гласи тристишјето кое е хаику-коментар на фотографијата „Австралија низ облаци“ од Ивана Андоновска-Платонче. Ако се има предвид фактот дека ова хаику има и претходна верзија, во која последниот стих гласи „Ене го Кјото“, тогаш се гледа комплексноста на настанувањето на хаигите на Искра Донева:песните неретко се преобразуваат или се (пре)создаваат според (содржините или имињата)на фотографиите, а очигледна е и една друга тенденција – поетесата да трага по визуелен корелат на веќе постојните хаику-песни! Текстот го бара својот „партнер“ во океанот од фотографии. Тој сложен и возбудлив механизам на барање „созвучја“ меѓу вербалното и визуелното на овој ракопис на Искра Донева му дава исклучителен шарм и интермедијална свежина. Поетесата постојано е отворена кон искуствата на другиот медиум, барајќи сродности во сензибилитетот или „совпаѓања“ во уметничките искуства.
Извадок од рецензијата на Владимир Мартиновски
Reviews
There are no reviews yet.