Невидливиот човек

Издавач: Конгресен Сервисен Центар | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 482 | Димензии: 20 | Корица: мека

/Романот Невидливиот човек од Ралф Елисон е едно од најмаркантните прозни дела во афроамериканскиот книжевен корпус, кое со своите високи книжевно-естетски вредности ги надминува овие потесни рамки и се вбројува меѓу најважните и највлијателни романи создадени и објавени во САД во XX век. Недвосмислена потврда за ова се позитивните критички одгласи што се појавуваат непосредно по издавањето на романот и многубројните книжевни студии и анализи посветени на ова дело, објавени во изминативе шест децении, како и неколку рангирања на најзначајните романи од англиското јазично подрачје во кои е вклучен и Невидливиот човек, како што се листите „100 најдобри романи на англиски јазик во 20-от век“ на американската издавачка куќа „Модерн лајбрари“ (Modern Library), при што едната листа е составена од уредниците, а втората е составена од читателите, потоа листата „100 најдобри романи на англиски јазик од 1923 до 2005“ на влијателното њујоршко неделно списание „Тајм“ и др.

Цена: 353 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Невидливиот човек

Категорија:
ИСБН: 978-608-4721-78-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Невидливиот човек”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in