Невролошката основа на говорот и јазикот
Author:
Јордан Јорданоски
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2007
Original title:
Невролошката основа на говорот и јазикот |
Num. of pages:
239 |
Dimensions:
200х140
|
Cover:
/
„Невролошката основа на говорот и јазикот (развиток и патологија на фонетската страна на исказот кај носителите на македонскиот стандарден јазик)“ од д-р Јордан Јорданоски е единствен труд од овој вид во Република Македонија. Говорот и јазикот како средство за комуникација отсекогаш се предмет на проучување во повеќе научни дисциплини, но овде за првпат се научно обработени состојбите со македонскиот стандарден јазик од друг агол - од аголот на материјалната основа на организмот, врз кој се изградува еден сложен психички процес како систем за пренесување на пораките. Трудот, всушност, произлегува од двеиполдецениското работење на авторот врз проблемот на патологијата и нормата во говорната комуникација.Говорот и јазикот како средство за комуникација отсекогаш го привлекувале вниманието на научниците од многу научни дисциплини – на лингвистите, филозофите, логопедите, психолозите, лекарите (особено на невролозите и на невропсихолозите)... Секоја од овие области на свој начин го гледала проблемот на говорната комуникација, која се јавува на почетокот како несвесна манифестација, а потоа како свесна и точна реализација на мислата. Овде првпат во научната перцепција на говорот и јазикот за основа се зема невролошката основа на говорот и јазикот.
Questions and Answers
You are not logged in