Незгодите на питомецот Терлес / Соединувања

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Die Verwirrungen des Zöglings Törleß Die Vereinigungen. Zwei Erzählungen | Бр. на страни: 239 | Димензии: 135x200 | Корица: /

Сместен во интернат на воено училиште, Заблудите на питомецот Терлес е напрегната студија за психолошкиот развој на еден адолесцент и неговата борба со своите противречни емоции. Заедно со други две момчиња, Терлес се соочува со садистичката и сексуална средба со трето момче, кое истовремено го фасцинира и му е одвратно. Така одвоен од секојдневниот живот, Терлес постепено учи да ги прифати своите искуства и да ги опише со аналитичка прецизност.

Во циклусот Соединувања, составен од два расказа („Совршенство на љубовта“ и „Искушението на тивката Вероника“) авторот отстапува од каузално-хронолошката нарација, заменувајќи ја со принципот на внатрешна мотивација. Сѐ се сведува на преплетеното значење на сликите, описите и метафорите што не можат целосно да се пренесат во подрачјето на разбирливото и искажливото. Главната тема на расказите е браколомството и љубовното неверство. Нарушувајќи ги острите граници меѓу доброто и лошото, разумот и чувствата, Музил создава нов вредносен систем, каде што се случува вистинското духовно растење.
 
„Во своите описи на љубовните врски и особено во портретирањето на вљубените жени, Музил е навистина оригинален. Во описот на сцените на физичка љубов, во последните педесет години ниеден писател му се нема доближено.“
В. С. Притчет

Цена: 210 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Незгодите на питомецот Терлес / Соединувања

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-300-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Незгодите на питомецот Терлес / Соединувања”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in